ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Сеќавањето на победата над нацизмот значи никогаш повеќе да не се дозволи она што нацистите го донесоа во Европа

May 5, 2022 17:08
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обраќањето на Украинскиот претседател Зеленски ви го соопштуваме интегрално:

„Украинци! Украинки!

Денес ќе започнам со приказна за една личност. За Олександр Махов – добро познат новинар. Сигурен сум дека сте ги виделе неговите репортирања на ТВ каналите на Украина и Дом. Можеби сте ги виделе неговите коментари, неговите објави. Тој отсекогаш бил таков – со свој став. Патриотски и искрен. И секогаш без суета. И секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите. Секогаш работеше во најжешките места. Се обидуваше да пренесе вистински материјал. Силен материјал.

Во 2017-та година, тој беше првиот украински новинар што ја посети нашата станица на Антарктикот. Кога дојде Ковид, тој не се плашеше. Две недели живеел во Санџари, каде што биле донесени Украинци од Кина. Од првиот ден на војната од големи размери тој беше на фронтот. Волонтирал. АТО ветеран. Борец на 95-та ударна бригада.

Тој доаѓа од Луганската војна. Тој особено почувствува што значи оваа војна.

Денес тој загина во Харкивската област, во битките кај Изјум. Имаше 36 години. Моето искрено сочувство до роднините и пријателите. Нека знае неговиот син Владислав: Русија ќе биде изведена пред лицето на правдата за оваа смрт. Ние задолжително ќе победиме за Украина. Сигурен сум дека тоа беше сон на Олександр. И ние го спроведуваме.

Вечен спомен на него и на сите наши херои кои ги дадоа своите животи за Украина!

Втората етапа од нашата операција за евакуација од Мариупол заврши денеска. Спасени се 344 луѓе – од градот и неговата околина. Толку луѓе денес заминаа во Запорижја. Нашиот тим се подготвува да ги пречека. Да ги пречека на ист начин како и повеќе од 150 луѓе кои успешно беа изнесени од „Азовстал“. Сите тие ја добиваат потребната помош. Сите тие ќе добијат најгрижлив третман од нашата држава.

Им благодарам на сите што ја направија операцијата за евакуација успешна: Ирина Верешчук, Андриј Јермак, Давид Арахамија, претставниците на ОН, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и на секој и секоја што постигнаа договор и обезбедија мир и коридори за луѓето.

Се договараме и се надеваме дека ќе продолжиме да ги спасуваме луѓето од „Азовстал“ од Мариупол. Таму се уште има цивили. Жени, деца.

За да ги спасиме, треба да се продолжи режимот на „тишина“. Украинската страна е подготвена да го обезбеди. Потребно е време само да се издигнат луѓето од тие подруми, од тие подземни засолништа. Во сегашни услови, не можеме да користиме специјална опрема за отстранување на блокадите. Сè е направено рачно. Но, веруваме дека се ќе успее.

Денес разговарав со Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутерес. За она што веќе успеавме да направиме. Што сè уште треба да направиме за да ги спасиме жителите на Мариупол и бранителите на градот.

Немаше ден да не работам на тоа, да не работиме ние на тоа прашање. И благодарен сум им на сите што помагаат.

Разговарав исто така и со израелскиот Премиер Бенет. Му го честитав Денот на независноста на Државата Израел. Зборувавме за ситуацијата на истокот на нашата држава и особено во Мариупол. Се разговараше и за скандалозните и целосно неприфатливи изјави на министерот за надворешни работи на русија, кои го налутија целиот свет.

Разговарав со Премиерот на Холандија, Марк Руте. Се договоривме за следните дипломатски чекори потребни за мир. Разговаравме како да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници. Секој руски војник и секој командант кој го убивал, мачел и исмејувал нашиот народ.

Денес руските напаѓачи извршија нов ракетен напад врз нашите градови. По Днипр. Нанесоа удари по Миколајив, Одеса, Запорижја. Во градовите Донбас и другите региони на нашата земја. За сите овие злосторства ќе добијат соодветен одговор. Како на правно ниво, така и на практично – на бојното поле.

Денес му се обратив на народот на Данска по повод Денот на ослободувањето. Нацистите беа протерани од оваа земја пред 77 години. Секоја година во мај, сите Европејци, сите пристојни луѓе на земјата се сеќаваат на овој подвиг. Победа над најголемото зло во историјата на човештвото. Победа во војната против нацизмот.

Но, да се запамети не значи само да се сеќава. Ова значи да се сеќаваме и навистина да се трудиме никогаш повеќе да не го дозволиме она што нацистите го донесоа во Европа. Токму Украинците и Украинките, заедно со нашите пријатели и партнери – антивоената коалиција, како што некогаш беше антихитлерската – сега ги одвраќаат оние кои сигурно заборавија  зошто луѓето се радуваа во 1945 година. Затоа што ако сите во Русија навистина се сеќаваа, оваа војна едноставно немаше да започне сега.

Веќе традиционално, пред да го снимам вечерното обраќање до вас, потпишав указ за доделување награди на нашите бранители. На 35 војници на 19-та ракетна бригада на копнените сили на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди.

Им благодарам на сите наши херои!

На сите кои застанаа во одбрана на нашата држава.

Слава на Украина!“, истакна Зеленски.

Next Post

Прекината 57-та собраниска седница, распавата за Извештајот на ЕК за 2021 година продолжува утре

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk