ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Граѓаните импресионирани од воздухопловното шоу на спортскиот аеродром „Стенковец“

May 8, 2022 16:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на вежбата „Swift Response 22“, која е во тек.




Премиерот Ковачевски во изјава порача дека изложбата на хеликоптери вклучени во рамките на вежбата и прелетот на авиони изгледа импресивно, и им честиташе на министерката Петровска и амбасадорките Брнз и Галовеј за одличната организација. За вежбата „Swift Response“ порача дека е голема и сложена вежба, а самиот факт дека Северна Македонија е нејзин домаќин покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и способни како и сите наши сојузнички армии.

„Вежбата, во целост ги демонстрира капацитетите и тренинг центарот Криволак. Подеднакво важно, оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството во Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските, но и американските, британските, француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници“, рече Ковачевски.




Министерката Петровска им се заблагодари на граѓаните што присуствуваа на „Стенковец“ во огромен број и додаде дека денешниот отворен ден покажува силно единство и испраќа порака на заедништво помеѓу сојузниците.

„Оваа вежба демонстрира единство помеѓу сите НАТО сојузници и  испраќа многу силна порака, а тоа е дека кога сте во НАТО, не сте сами, односно сите сме заедно. Истовремено, оваа вежба и она што денеска го видовте, односно перформансот на воздухопловите покажа одлична соработка помеѓу воздухопловните власти во нашата држава и воздухопловните власти во Република Грција, кои што практично се дел од “air policing” мисијата за обезбедување на воздушниот простор на нашата држава“, рече министерката Петровска.




Амбасадорката на САД, Брнз изрази задоволство од прикажаното и порача дека вежбата „Swift Response“ е дел од заложбата за обезбедување на мирна и сигурна иднина за цела Европа.

Додаде дека иако Северна Македонија само пред две години се приклучи на НАТО, земјата ги стави на располагање своите ресурси за да и помогне на Алијансата да биде подготвена и ефикасна одбранбена организација.

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Галовеј истакна дека тоа што можеше да се види на отворениот ден е приказ на способностите на НАТО и начинот на кој што сојузниците заедно функционираат и денеска и во иднина.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Русија му се заканува на Илон Маск за предавање на станиците Starlink на Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk