Полските демонстранти во Варшава, му истурија црвена боја на рускиот амбасадор Сергеј Андрејев, во знак на протест поради инвазијата на Русија врз Украина и не му дозволија да положи венец на споменикот на советските војници, пренесува Zpravy.aktualne.
Russian ambassador had a hard time today in Warsaw. People chant into his face: “Fascists!” #StandWithUkraine #StopPutinNOW #ArmUkraineNow pic.twitter.com/erZsfB7MEs
— olexander scherba?? (@olex_scherba) May 9, 2022
На рускиот амбасадор му беше фрлена кофа со боја на лицето за време на посетата на советските воени гробишта во Варшава за да го одбележи Денот на победата на Русија. На видеото на социјалните мрежи се гледа како дипломатот држи венец во центарот меѓу активистите, од кои многумина вееја украински знамиња и извикуваа „фашисти“.
Претходно некој на гробиштата насликал натпис „Убиј го Путин“, во боите на украинското знаме. Натписот се претпоставува дека е напишан во текот на ноќта, иако гробиштата ги чувала полиција, јави ТВН 24.
„Горд сум на мојот претседател (Владимир Путин)“, рече амбасадорот по инцидентот, пренесе телевизијата Полсат.
Според агенцијата ТАСС, полицијата пристигнала неколку минути по нападот, го опколила амбасадорот со сопругата и неколку дипломати и им помогнала да стигнат до автомобилот со дипломатски ознаки и руско знаме.
М. А.