ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Русија е единствениот виновник што светот беше уништен, и тоа е нејзина историска одговорност

May 10, 2022 11:05
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Јасно е дека сега сè е поинаку. Во европските метрополи, главното прашање е цената на мирот што ќе треба да се плати за да се запре војната која Русија ја започна. И, исто така – цената за Русија за фактот што таа повторно го донесе во Европа злото на тотална војна со цел да го уништи нашиот народ, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Денес направивме уште еден чекор – многу важен, и не само формален чекор – на нашиот пат кон Европската унија. Украина го достави вториот дел од одговорите на специјалниот прашалник што треба да го пополни секоја земја која претендира да биде дел од Европската унија. Обично за ова се потребни месеци и месеци. Но, ние направивме сè за неколку недели. Ова е документ кој содржи илјадници страници.

И токму денес имав разговори за нашата европска интеграција и со Шарл Мишел, Претседател на Европскиот совет, и со Урсула фон дер Лајен, Претседателка на Европската комисија. Им се заблагодарив во името на целиот украински народ за поддршката на нашата земја. За обрнатото внимание на нашите потреби и особено сега – во ова тешко време на војна.

Тие добро разбираат дека оваа војна не е само за нашата слобода, туку за слободата на сите Европејци. Г-ѓа Урсула рече дека е импресионирана од брзината со која нашите владини претставници го пополнија прашалникот. И ми беше драго што слушнав од неа дека нашата брзина ја охрабрува Европската комисија да дејствува исто толку брзо. Очекуваме во јуни да добиеме позитивен одговор во однос на тоа нашата земја да стекне кандидатски статус за ЕУ.

Исто така, му се заблагодарив на Претседателот на Европската комисија за работата на создавање на Фонд за доверба за обнова на Украина по војната, по победата. И за напорите потребни за договор за нов пакет санкции против Русија.

Претседателот Шарл Мишел денес ја посети нашата Одеса. Со свои очи виде што значи блокирано море. За прв пат по децении и децении во Одеса нема вообичаено движење на трговската флота, нема вообичаено пристаниште. Веројатно ова во Одеса не се случило уште од Втората светска војна.

Обичниот живот поврзан со морето е блокиран од Русија. Токму од Русија. И ова е удар не само во Украина.

Без нашиот земјоделски извоз, десетици земји во различни делови на светот веќе се на работ на недостиг на храна. А со текот на времето, ситуацијата може да стане сосема ужасна.

Политичарите веќе разговараат за можните последици од ценовната криза и гладот во земјите на Африка и Азија. Ова е директна последица на руската агресија, која може да се надмине само заедно – со сите Европејци, со целиот слободен свет. Тоа може да се надмине со притисок врз Русија, со ефективно принудување на Русија да ја прекине оваа вознемирувачка војна.

И, патем, денес – и покрај присуството на Претседателот на Европскиот совет – руската војска повторно изврши ракетен напад врз Одеската област. Ова е вистинскиот однос на Русија кон Европа. И отсекогаш било така. Што и да кажуваат во Москва.

Во Кијив се сретнав со Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Разговаравме за тоа што може да се направи за мир во Украина и Европа со помош на инструментите на оваа ценета институција. Благодарен сум за поддршката на нашата држава со посетата на нашиот главен град токму на овој ден. Денот на Европа. И – Денот на победата над нацизмот.

Вообичаено на 9 мај Европејците ја споменуваа цената на мирот што ја платија сите народи на нашиот континент пред 77 години. Тие зборуваа за тоа како да се спречи повторување на таква страшна војна.

Јасно е дека сега сè е поинаку. Во европските метрополи, главното прашање е цената на мирот што ќе треба да се плати за да се запре војната која Русија ја започна. И, исто така – цената за Русија за фактот што таа повторно го донесе во Европа злото на тотална војна со цел да го уништи нашиот народ.

Сигурен сум дека сега ова е главната тема и во Москва. Тие можат да прикажат сè во пропагандата – нека. И да дадат какви било политички изјави. Но, со тоа реалноста не се менува. На реалноста и треба мир. А единствениот виновник што светот беше уништен е и ќе остане руската држава. Ова е историска одговорност за Русија.

А ние, Украинците, продолжуваме да работиме за одбрана, за победа и за враќање на правдата. Денес, утре и кој било друг ден кој е потребен за ослободување на Украина од окупаторите.

Благодарен сум им на сите наши бранители, бранителки.

Благодарен сум им на сите оние кои ја бранат Харкивската област, го бранат Донбас, го бранат југот на Украина. Кои не се откажуваат и го чекаат украинското знаме во сите оние градови кои се привремено – го потенцирам ова: привремено – заробени од окупаторите. Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енергодар, Мариупол, сите други градови, сите други наши заедници. Украинското знаме ќе се врати. Затоа што ова е наша земја. Слободна европска земја. Наша држава.“

 

 

Next Post

Маричиќ-Маровиќ од Париз: Двете земји делуваме европски, цврсто чекориме на вистинскиот пат

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk