ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Мора да останеме фокусирани на потребата од енергетска транзиција

May 11, 2022 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одржа состанок на Секторската работна група за енергетика. Тој ја нагласи посветеноста на Владата да ја поддржи имплементацијата на Стратегијата за развој на енергетиката во Северна Македонија до 2040 година во согласност со препораките на ЕУ изразени преку процесот на стабилизација и асоцијација и годишниот извештај за напредокот на Европската комисија за Поглавје 15- енергетика.

– Мора да останеме фокусирани на ова прашање и на потребата од енергетска транзиција, што од друга страна пак е важен дел од Зелениот договор, бидејќи немаме друг избор ако сакаме енергетска безбедност во просперитетен и еколошки чист регион, рече на состанокот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со Директивата за обновливи извори на енергија, а Северна Македонија е на пат да ги исполни задолжителните цели за енергетска ефикасност, додавајќи дека Северна Македонија е одлучна, во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан, да продолжи со транзиција на чиста енергија и одржлив развој.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот го претстави и новиот хоризонтален пристап за сите Секторски работни групи, како најважен механизам за транспарентна и инклузивна координација на секторската политика и планирање на донаторската помош, вклучително и ИПА.

– Новиот пристап повлекува политички дијалог за секторските стратешки приоритети и обезбедување донаторска помош за имплементација на националните приоритети, посочи Маричиќ, појаснувајќи дека координацијата на донаторите и рационализирањето на донаторската поддршка е особено важно, имајќи предвид дека процесот на интеграција во ЕУ е скап потфат, а планирани се бројни реформи поврзани со интеграцијата во ЕУ во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА 2021-2025).

Маричиќ најави дека е планирано во следната фаза да се обезбедат средства за имплементација на стратешките и секторските приоритети, чие финансирање треба да се обезбеди без оглед на изворот – било да е тоа национален буџет и помош од донатори, со цел непречено да се спроведуваат планираните европски реформи во земјата.​/МИА/

Next Post

На јунскиот самит на Отворен Балкан во Северна Македонија, ќе бидат поканети лидерите на Црна Гора, БиХ и Косово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk