На самитот на иницијативата Отворен Балкан кој што ќе се оддржи во јуни во Северна Македонија, ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, рече Арсовски во одговор на прашањето од ФРОНТЛАЈН, за изјавата на црногорскиот премиер Абазовиќ, кој рече дека се залага за регионалната иницијатива Отворен Балкан.
Тој истакна дека Отворен Балкан има политика на постојано отворена врата за земјите од регионоти.
Арсовски нагласи дека ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит бидејќи Отворен Балкан носи само придобивки за народите од Западен балкан и ги европеизира државите.
Ј. Ѓ.