ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Жал да го фати човека, сака, а не му е дадено премиер да биде

May 11, 2022 13:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Пред да го почнам овој текст, гледам на фејсбук, гледам на агенциските вести, гледам низ сајбер „подрумите“ што денес ќе се случува во земјата на две неспоиви „сладоледни“ топки; едната топка вели, „предвремени параламентарни избори – веднаш“, а другата топка вели, „парламентарни избори 2024 – редовни“.

Народот наш, уште велат, не може да му се погоди/угоди. И во право се. Штом на народот наш не може да му се погоди/угоди, тогаш не треба ниту да му се погодува и угодува. Нели? После 1948 година, народот наш, забрзано почна да учи руски, оти, нели, така беше наредено од Информбирото. Кога пукна Информбирото, потоа беше наредено поинаку – итно заборавање на рускиот јазик. Сакам да кажам: сериозна држава не треба да стравува од „реакциите на народот“, посебно не треба  да стравува нашата, оти знаеме сите дека реакциите на народот се „како бубањ каже“.

Ете, вечерва, Мицкоски на „топ тема“ ќе беседи „дајте ми предвремени параламентарни избори“. Тоа почнува да ми одsвонува во главата како да се работи за некоја играчка која Мицкоски ја изгубил и никако не може да ја најде. Ваква инфантилизација во политиката е просто неверојатна. Надреална. Бајковита. А во конечноста – бесмислена.

Не ти даваме и може да се сликаш, кога би бил на местото на Ковачевски тоа ќе му го речам. И, што опции има Мицкоски во тој случај? Има, како нема, ама, рековме погоре, таквиот бубањ за Мицкоски во овие околности не работи. Прво, за да добие предвремени парламентарни избори има три опции: да се одметнат пратеници од сегашното мнозинство и да заминат кај него; ако тоа е неизводливо, втора опција е со масовни протести повторно да ја пучира Владата во Собрание, според примерот од 2017 година; тоа, пак, апсолутно е неизводливо, и трето: да се повлече од политика, таа партија да се реформира, да доведе нормални центар-десни конзервативци кои ќе се извинат за сите ѓурултии што ги направија последните 30 години, со особен нагласок на последните десет, и за некои пет или шест години повторно да се вратат на власт. Ама, рековме погоре, ќе се вратат на власт „ако тако бубањ каже“. Во спротивно, Мицко ќе си меле, а караванот ќе си врви.

И сега, на самиот крај, да кажам уште нешто за кое сметам дека е многу важно. На оние луѓе кои имаат афинитети или тежнеат кон апсолутна власт, било да се, нели, власт или опозиција, не треба да им се дава премногу јавен простор. Туку напротив, треба да се бори човек против нив; добро, ако се толку појаки, тие тој простор секако ќе го заземат, ама тоа ќе биде на сила, а таа сила потоа суштински ќе ги менува работите. Затоа што порано или подоцна ќе се освети и изјалови. Затоа што нелегитимната сила сама себе си го копа својот гроб, а ако е така, не е на одмет на тоа да фрлиме и една лопата.

Не може да биде премиер, а така очајно гребе и цика. Жал да го фати човека. Би било дури и базично нефер да му се фрли и уште лопата.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Next Post

(ВИДЕО) Арсовски: Активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk