Регионална конференција за состојбата со укажувачите ќе се одржи денеска во Скопје, по повод Светскиот ден на укажувачите.
Конференцијата е во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Младинскиот образовен форум, во соработка со Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ).
– Конференцијата ќе ја отворат евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир и министерот за правда Никола Тупанчевски. Панелисти на конференцијата ќе бидат и претседателката на РАИ Десислава Готскова и координаторот на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа Арјан Дурмиши, најавуваат организаторите. /МИА/.