ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

Видовме уште еден лош ТВ настап на Мицкоски.

May 13, 2022 11:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во интервјуто на ТВ Телма (11 мај) Мицкоски сѐ си кажа како што треба. Активна блокада на Собранието, според него, значи дека нема да ги блокираат законите што се за „покачување на платите, пензиите, подобар живот…“. Ете, нема да го блокираат ни заемот од 60+ милиони евра од Светска банка за општините. Ах, тие пусти пари… И предлогот за една изборна единица ќе го поддржеле, како да е нивен (предлогот е стар повеќе од една деценија и не доаѓа од нив).

Ќе ги блокирале само законите што ним не им се допаѓаат. Не знам дали е свесен, но со дефиницијата за „активна блокада“ Мицкоски апла ги призна позитивните мерки и закони во интерес на граѓанките и граѓаните. И ја објасни работата на опозицијата – да ги критикуваат грешките на власта и да се противат на законите што не се во нивен или поширок интерес. Инаку, за што ги плаќаме? Рече дека понудил и свои „експерти“ да ѝ помагаат на власта и тоа „про боно“. А бе, џанам, Каритас!

Да не заборавиме, „активна“ блокада, Мицкоски и неговата партија спроведуваат од 2017 година наваму, откако таа прва година по нивниот неславен пад, на 27 април, не им успеа обидот за државен удар со акт на терор врз Собранието. Во меѓувреме, ги блокираа сите процеси со кои Северна Македонија се врати на мапата на прогресивниот свет.

Пена им фати устата блокирајќи ги мерките и законите за покачување на минималната плата, кренаа штрајкови за дополнително да го оптоварат системот и политичкиот живот во земјата… Повеќе од една и пол година го блокираа Законот за Јавно обвинителство, сѐ уште ги блокираат судските реформи, ги блокираат реформите во образованието, изборниот систем… Здравствената ковид-криза ја поминаа во „теретана и кафана“… Значи, сѐ што не им се допаѓа, а многу нешта не им се допаѓаат, упорно го блокираат. Убаво си кажа човекот, се разбира, со негови зборови и на нему својствен начин.

Тој кажа и:

„Добар сум во математика, да.“ (Ако имате време, прочитајте за Татиниот Математичар 1, 2 и 3)

Само, не се сеќава дека е меѓународно установено дека неговата партија крадеше избори. И тоа во индустриски размери (Титаник). После четири изборни катастрофи, му тргна од рака, доби власт во половина од општините, па сега очекува да добие сѐ. Затоа што сака да биде на власт. Толку од аргументите.

Мицкоски ја пушти и Данела низ вода. Дистанцата, што ја воспостави кон неа веќе по првите сигнали дека е катастрофална градоначалничка, во интервјуто се претвори во понор.

Едноставно, тешките пропусти на неговата, до скоро, омилена Данела, го натераа во бегство и негирање на линковите меѓу неа и неговата партија пред и по локалните избори 2021. Не така одамна, во деновите кога, среде изборната кампања, некој ќе спомнеше дека Данела е независна кандидатка, најмногу се смееја самите вмровци.

И така, според Мицкоски, Данела не била кандидатка на неговата партија, туку била независна. Неговата партија нема врска со тешките пропусти во водењето на главниот град. Тој тука е формалист до максимум: Данела беше независна и точка, што има тој тука да чувствува било каква одговорност. Но затоа му пречеше кога новинарката Лупевска (на 29 септември 2020) му прочита делови од статутот на неговата партија. Тука, тој не е формалист.

Во следното интервју може да каже и дека не ја ни познава Данела. Не е убаво тоа. Па и неговата Гога (Силјановска Давкова) се пријави како „независна“ кандидатка за претседателка на државата во која не знаеше каде и кога точно се наоѓа. Но, по тешкиот изборен пораз во 2019 година, тој си ја прибра во „академско-експертските“ партиски јасли. А за Данела не сака да слушне, нејзините пропусти се само нејзини, не и на неговата партија.

Многу „наивно“, Мицкоски ја продолжува традицијата на партијата на Груевски, со стратегијата „пу-пу-не-важи“ токму по прашања каде што дебело ја упрскале.

Мицкоски, го открива, низ манипулација и алузии и својот ултра национализам. Но за тоа нека му мислат неговите коалициони другари.

Посебно забавно беше неговото признание дека премиерот Ковачевски го доживеал како „мачо политичар“. А тој да ти бил Христијан и професор. Ништо не разбираш ти, Блажо!

Една од главните поенти на Математичарот Мицкоски деновиве, па така и во интервјуто на ТВ Телма, е дека тој и неговата партија бараат промена на изборниот модел со една изборна единица. Истиот човек е автор на „големата идеја“ за 120 изборни единици. Ете, за тоа нема да го блокираат Собранието. Уште една „зелена“.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk