ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: ЕУ мора да остане фокусирана на Западниот Балкан и покрај кризата во Украина

May 14, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на меѓународниот собир „Стратешки економски разговори”, организиран од Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕБДН), јавува МИА.

– Северна Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, рече Маричиќ, додавајќи дека Европската Унија е проект на слободна трговија, слободно движење на луѓе и економски напредок и дури 80 години подоцна таа е најдобриот повоен одговор и затоа треба и сакаме да станеме членка на ЕУ.

Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, поранешниот известувач на ЕУ за Косово и висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Волфганг Петрич и австрискиот пратеник од редовите на владејачката Народна партија, Мартин Енгелберг, учествуваше на панелот „Процесот за пристапување во ЕУ и интеграција на Западен Балкан во време на значајни промени во Европа“, на кој побара земјите од ЕУ да посветат поголемо внимание на Западниот Балкан, кое со конкретни чекори би дало позитивни резултати, бидејќи во спротивност се доведува во прашање кредибилноста на ЕУ во земјите од регионот и се поткопува довербата на граѓаните во Унијата.

– Во регионот е намалена популарноста на „брендот“ наречен Европската унија, затоа во овој момент најпотребно е да се демонстрира лидерство за да се заштити нејзиниот имиџ, бидејќи оние кои се против, се обидуваат да ја прикажат Унијата како неуспешна, рече Маричиќ.

На панелот вицепремиерот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан“, посочувајќи дека таа е комплементарна на процесот на пристапување во ЕУ и како и Берлинскиот процес не е замена за влез во Унијата.

– Не треба да губиме време додека сме во чекалната на ЕУ, туку треба да направиме промени на ниво на Западниот Балкан и да му дадеме нов лик на регионот, кој секогаш се поврзувал со конфликти и криминал и да покажеме дека можеме да соработуваме на сите полиња, потенцира Маричиќ.

Next Post

Ковачевски: Нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за договор со Бугарија

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk