ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Улица Украина“ – европски градови преименуваат улици и плоштади во близина на руските амбасади

May 17, 2022 15:30
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европските градови демонстрираат солидарност со Украина и борбата на украинскиот народ. Како поддршка за Украина, преименувани плоштади и улици во близина на руски амбасади во Полска, Шведска, Исланд, Албанија, Норвешка, Литванија, Чешка, и Латвија.

Со инвазијата, Путин има намера да ја избрише Украина од мапата и да го ускрати правото на Украинците да постојат како нација, истакнуваат од иницијативата „Улица Украина“. Оваа иницијатива, од друга страна, ги охрабрува луѓето ширум светот да ја направат Украина дел од нивниот град како чин на солидарност со Украинците.

Плоштади во Полска именувани во чест на Украина

Во април, четири полски града именуваа плоштади во чест на Украина: Плоштадот „Бранителите на Украина 2022“ во Познан, Плоштадот Слободна Украина пред Генералниот Конзулат на Русија во Краков, Плоштадот Херојски Мариупол во близина на рускиот генерален конзулат во Гдањск и Плоштад Слободна Украина во Гдиња.

На 5 април 2022 година, пратениците на градскиот совет на Познан едногласно ја одобрија иницијативата за формирање на плоштадот Бранители на Украина 2022 година.

На 13 април 2022 година, пратениците на Градскиот совет на Краков одлучија да го именуваат плоштадот пред Генералниот конзулат на Русија  во „Плоштад Слободна Украина“.

Плоштадот пред Генералниот конзулат на Русија „Плоштад Слободна Украина“

Советниците од Гдањск на 28 април, ја прифатија резолуцијата со која го именуваа плоштадот „Херојски Мариупол“ недалеку од рускиот генерален конзулат за да направат симболичен чин на поддршка за Мариупол и неговите херои.

Гдањск. „Плоштадот Херојски Мариупол“ недалеку од рускиот генерален конзулат. Фото: Dominik Paszliński

На 28 април 2022 година, претседателот на Гдиња и украинскиот конзул, официјално го открија „Плоштадот Слободна Украина“ на еден од централните плоштади во градот.

Гдиња. Плоштадот Слободна Украина

Во главниот град на Шведска преименуван паркот до руската амбасада

Стокхолм на 28 април, го преименувал паркот до руската амбасада во Шведска во „Fria Ukraine’s plats“ – „Место на слободна Украина“.

Преименуван плоштадот до руската амбасада во Рејкјавик, Исланд

Од 27 април 2022 година, знаменитоста на градот Рејкјавик лоцирана на само 50 метри од руската амбасада отсега ќе биде позната како „Киевски плоштад“. Официјално, плоштадот ќе има двојно име на староисландски и исландски „Kænugarður / Kýiv-torg“.

Претходно Албанија преименуваше дел од улицата во која се наоѓа Руската амбасада, во улица „Слободна Украина“, Литванија преименуваше дел од соодветната улица во улица „Украински херои“, Латвија ја смени улицата во улица „Независна Украина“, а Норвешка го смени името на плоштадот пред Руската амбасада на украинскиот плоштад. Торонто, Канада, им се придружи на европските партнери со откривање на знаци „Слободна Украина“ долж предниот дел на рускиот конзулат на авенијата Сент Клер. Оваа област сега ќе се нарекува „Плоштад Слободна Украина“ на почесна основа. Властите на чешкиот главен град Прага, дел од улицата „Коруновачни“ што минува пред Руската амбасада ја преименуваа во улица „Украински херои“. Исто така, железничкиот мост до локацијата го добил името по Виталиј Скакун, херој на Украина.

Шпанскиот град Ayuntamiento Fuentes de Andalucía, одлучи да ја подигне свеста за војната во Украина на прилично необичен начин. За време на велигденските празници, градот го смени своето име и се нарекуваше Украина (Укранија), а неговите улици се преименувани во Кијив, Харкив, Мариупол, Херсон, Одеса и Днипро. Како што изјави Франциско Мартинез, градоначалник на општината, целта на овој предлог е да се покаже поголема солидарност со Украинците за последиците од руската инвазија.

Во Вилнус, активисти ги обоиле во црвено водите на езерце кое се наоѓа во близина на руската амбасада во Литванија.

„Тоа ја симболизира крвта на украинските граѓани кои биле убиени и мачени од руските напаѓачи. Бојата не е штетна за животните или растенијата како што е договорено со организацијата за заштита на природата“, објави на Фејсбук, Министерството за надворешни работи на Украина.

Како што известуваат од „Ukraine Street“, низ повеќе градови во Европа и светот во тек се иницијативи за преименување на улици и паркови во близина на руските амбасади и конзулати, како знак на солидарност со Украина.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk