ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Уште еден руски војник идентификуван како силувач

Во март Фасахов и неговиот колега упаднале во приватна куќа во село во областа Броварски. Заплашувајќи ја жртвата со оружје и заканувајќи ѝ се дека ќе го масакрира нејзиното семејство, Фасахов ја силувал. Неколку дена подоцна, военото злосторство се повтори. Истиот војник, заедно со уште тројца отишле во друга куќа. Семејството било изнесено надвор, оставајќи една жена која мажите наизменично ја силувале, заканувајќи се дека ќе ја убијат.

May 17, 2022 15:03
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
фото: Украинска правда

фото: Украинска правда

Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата идентификуваше уште еден руски војник кој силувал жени во регионот на Киев (Кијив). Станува збор за Булат Фасахов, 20-годишен радио оператор од 30-та Посебна бригада на моторизирана пушка (пешадија), пренесува Украинска правда.

„Идентификуван е уште еден осомничен за насилството врз жените во Киевската област. Ова е вториот руски силувач што го разоткривме – 20-годишниот Булат Фасахов – радиотелефонист на артилериската дивизија на 30-та посебна моторизирана пешадиска бригада на 2-та гардиска комбинирана армија на Централниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација“, објави јавната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова на Фејсбук.

Според Венедиктова,  регионалното обвинителство во Киев, во соработка со Службата за безбедност на Украина, го разоткри војникот и го извести дека е под сомнение дека ги прекршил законите и обичаите на војната.

Венедиктова додаде дека во март Фасахов и неговиот колега упаднале во приватна куќа во село во областа Броварски. Тој му наредил на својот соучесник да ги затвори сите станари во куќата во подрум, освен една жена. Заплашувајќи ја жртвата со оружје и заканувајќи ѝ се дека ќе го масакрира нејзиното семејство, Фасахов ја силувал.

Неколку дена подоцна, военото злосторство се повтори. Истиот војник, заедно со уште тројца отишле во друга куќа. Семејството било изнесено надвор, оставајќи една жена која мажите наизменично ја силувале, заканувајќи се дека ќе ја убијат.

Венедиктова додаде дека идентификацијата на другите инволвирани во овие злосторства е во тек.

„Доколку сте го препознале осомничениот или имате информации за вмешаноста на овој војник на руските вооружени сили или неговите соучесници во други воени злосторства, пријавете го ова во нашиот единствен центар за докази warcrimes.gov.ua или контактирајте го киевското регионалното обвинителство: 097-053-04 -65, 097-838-31-87, 050-107-66-75“ – рече Венедиктова.

Обработка; И. Т. З.

Next Post

„Улица Украина“ - европски градови преименуваат улици и плоштади во близина на руските амбасади

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk