Граѓани денеска оставиле принтери пред бараките на Град Скопје. Од објавените фотографии се гледаат принтери во непосредна близина на Град Скопје, придружени со транспаренти на кои се испишани пораки до градската управа.
„Донација за менаџерката“ – пишува на една од пораките.
На оградата на општината беше потпрен уште еден транспарент недалеку од вториот принтер, на која пишува:
„Плаќам данок и донирам принтер“.
Оваа акција доаѓа откако вчера Град Скопје остана без принтери затоа што средствата за изнајмување од договорот со компанијата завршил, а во меѓувреме не е потпишан нов.
Д. Е.