Крајно вознемирувачка пропаганда на руската државна телевизија: негирање дека воопшто се случил Холодомор (Гладомор), година во која милиони Украинци беа изгладнети до смрт. Не изостанаа и обвинувањата дека Западот спроведува гладување во Украина и воспоставува гладување на глобално ниво, со цел да прикаже слики од изгладнети африкански деца и да го обвини Путин. Дебатата се одвива на руска национална телевизија, а снимката ја објави Џулија Дејвис, креаторка на Russian Media Monitor.
More disturbing propaganda on Russian state TV: denial of the Holodomor that killed millions in Ukraine, along with accusations that the West is organizing starvation in Ukraine and setting up global hunger, in order to show pictures of starving African kids and blame Putin. pic.twitter.com/UaXd1mJw7o
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 18, 2022
Во емисијата посветена на „Спецоперацијата“, политичкиот аналитичар Николај Стариков вели дека со години Украина се обидувала да го монополизира зборот „глад“, и дека тие дури и измислиле зборот „гладомор“ (холодомор), којшто во реалноста, според Стариков, никогаш и не се случил.
„Мислењето (мајндсетот) на просечниот човек беше подготвувано да верува дека Русија, Советскиот Сојуз, е истиот ентитет кој претходно спровел гладување во Украина. Тие (Западот) сакаат да го уништат житото на Украина и да спроведат гладување и да ја обвинат Русија и нашиот претседател. Зошто? Затоа што тој ги предизвика, затоа што Русија е единствената сила којашто се конфронтира со хегемонијата. За да нè клеветат и да извршат било каков криминал. Тие ќе дојдат, ќе убиваат луѓе во Буча, и ќе спроведат глад на глобално ниво“, рече Стариков.
Водителот Евгениј Попов се надоврза и рече дека „фотографии од излгаднети Африкански деца со надуени стомаци се „дело“ на Западот и глобалното гладување е нивна цел“.
Холодомор или на украински Гладомор претставува масовно изгладнување (општа глад) или terror famine (изгладнувачки терор) во Советска Украина во периодот од 1932- 1933 година и се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја. Според различни анализи и статистики, во тој период од глад умреле неколку милиони луѓе. Гладот бил предизвикан од политиката на советската влада, на чело со Јосиф Сталин.
Освен во Украина, бил спроведен и во други области на тогашниот Советскиот Сојуз, како и Молдавската автономна Советска Социјалистичка Република (дел од Украинската ССР во тоа време) во пролетта 1932 година и од февруари до јули 1933 година. Најмногу жртви забележани во пролетта 1933 година.
Последиците се очигледни во демографската статистика: меѓу 1926 и 1939 година, украинското население се зголемило за само 6,6%, додека Русија и Белорусија пораснале за 16,9% и 11,7 отсто.
Според Википедија, терминот Гладомор се користи специјално за областите населени со етнички Украинци, каде гладот бил најсилно спроведуван. Тој понекогаш е нарекуван Украински геноцид или Украински холокауст, што укажува дека е намерно организиран од властите за да влијае врз украинската нација.
Гладта била резултат на Сталиновата политика за присилна колективизација и воопшто, отпорот од страна на украинскиот народ кој како основа на советското земјоделство не сакал да ја прифати новата економска политика. Милиони луѓе починале од глад, а најголеми загуби претрпела Украина која била најплодно земјоделско подрачје на територијата на Советскиот Сојуз.
Од предивиканата општа глад и борбата да се преживее, според одредени докази, луѓето, во немоќ, биле принудени на канибализам. Постои и документирано писмо на лекарка:
„Преживувањето беше морална, но и физичка борба. Една докторка ѝ напишала на својата пријателка во јуни 1933 година дека сè уште не станала канибал, но и дека„не сум сигурна дека нема станам додека писмово стигне до тебе “. Први умреа добрите луѓе. Оние кои одбија да крадат или да се проституираат. Умреа и оние кои даваа храна, умреа и оние кои одбија да јадат трупови. Оние кои одбиле да го убијат својот ближен исто така умреа. Родителите кои се спротивставувале на канибализмот умреа пред нивните деца.“
Советскиот режим испечатил и постери на кои пишувало: „Да ги јадеш сопствените деца е варварски чин.“ Повеќе од 2.500 луѓе беа осудени за канибализам за време на Холодомор.
Многу светски земји го признале Холодомор (ГЛАДОМОР) за геноцид: Андора, Аргентина, Австралија, Азербејџан, Белгија, Бразил, Ватикан, Грузија, Еквадор, Естонија, Италија, Канада, Колумбија, Латвија, Литванија, Унгарија, Мексико, Молдавија, Парагвај, Перу, Полска, САД, Словачка, Обединетото Кралство, Украина, Холандија, Чешка, Чиле и Шпанија.
Обработка: И. Т. Зафировска