За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја е дел од петтата турнеја на трофејот на Светскиот Куп на ФИФА организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот.
„Пристигнување на ФИФА трофејот во земјава, како дел од глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство. Огромна чест и задоволство не само за љубителите на фудбалот, туку и за целото македонско општество. Ден за фудбалската историја!“, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.
Пендаровки напиша дека нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ.