ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Петков: Продолжување на дијалогот за решение засновано на европски вредности

May 23, 2022 20:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на маргините на неговата работна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска, премиерите Ковачевски и Петков имаа конструктивен разговор не само за отворените политички прашања туку и за економската криза со која се соочува целиот свет. Истакнато беше дека Владата на Северна Македонија има јасна цел која се однесува на справување со кризата, заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани, поддршка на компаниите за да бидат ликвидни и обезбедување на соодветни инвестиции кои ќе го покренат економскиот раст.

На средбата, премиерите Ковачевски и Петков, од ресорните министри беа информирани за разговорите на министерско ниво, за што се согласија дека е потребно истите да продолжат со цел да се дојде до документ кој би бил прифатлив за двете држави и би можел да претставува основа за решение коешто би можело да биде споделено со институциите во двете држави. Средбата се искористи и за разговор врзан за потребата од продолжување на дијалогот за деблокирање на процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Премиерот Ковачевски во разговорот со премиерот Петков истакна дека за двете земји од најголема придобивка е процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности поддржани и прифатени од двете страни со почитување на достоинството на граѓаните.

 

Next Post
ЕPA EFE/JASON SZENES

Руски дипломат во Канцеларијата на ОН поднесе оставка: Никогаш не се срамев од мојата земја како на 24 февруари

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk