ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Ковачевски: Оддаваме почит на Светите браќа Кирил и Методиј и нивната мисија која има обединувачка улога

May 24, 2022 11:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата која ја предводи, во Рим во базиликата Сан Клементе, пред гробот на Свети Кирил, оддадоа почит по повод празникот – Денот на сесловенските просветители, информираат владините служби.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски:

„Денеска овде во Рим, во базиликата Сан Клементе, пред гробот на Свети Кирил, го чествуваме празникот – Денот на сесловенските просветители. Одбележуваме еден исклучително значаен цивилизациски процес за Северна Македонија, Европа и светот, остварен преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век.

Подвигот на светите браќа Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климент ја задолжи тогашната сесловенска христијанска цивилизација. Нивната мисија, Библијата да биде достапна и на сите јазици на сите Словени и тогаш и денес има наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога.

Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени и старословенскиот јазик да се воведе во црковните служби. Истовремено, Светите Кирил и Методиј и нивните ученици, ќе започнат и далеку поширока културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои подоцна ќе произлезе и Светиклиментовата Охридска школа.

Епохалното дело на Светите Кирил и Методиј, на различните словенски народи им овозможи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена. Во тој дух, ние денес оддаваме почит на делото на Светите браќа, заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, и ги слават со достоинство и чест.

Затоа и Папата Јован Павле Втори во својата енциклика, од 31 декември 1980 година, ги прогласи Светите браќа за заштитници на Европа.

Мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите.

Тоа е вредност на која ние и денеска се повикуваме и која ни посочува да бидеме свртени кон иднината во која заедничките допирни точки не нè делат, туку напротив нè поврзуваат.

Нивната просветителска мисија има посебно место во историјата на македонската држава. Во тој дух ние денеска можеме да кажеме дека Република Северна Македонија го чува и го негува делото на светите браќа, заедно со сите други народи. Со сите народи коишто ја препознаваат и слават нивната цивилизациска мисија со достоинство и чест.

Оваа вредност, и после повеќе од 1150 години нè учи и нè инспирира за дијалог и меѓусебно разбирање.

Би сакал да ја искористам оваа прилика и во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја да им го честитам големиот празник денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј.

Оваа година 24 Мај – Денот на сесловенските просветители го одбележуваме во светлината на историската одлука на Вселенската Патријаршија да ја прифати МПЦ-ОА во литургиско единство во православната заедница.

Воедно, дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите сегашни, минати но и идни студенти да им го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на УКИМ.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја. УКИМ ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност и како достоен продолжувач на визијата и просветителската дејност на светите браќа Кирил и Методиј.

На сите граѓани на Република Северна Македонија, им го честитам 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј. Нека е вечен споменот на нив“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk