ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ова е време на големи економски предизвици, неопходно е внимателно креирање на фискалната политика

May 26, 2022 09:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедување фискална поддршка во годинашниот Буџет за надминување на ефектите од кризата, внимателно следење на ценовните движења и зачувување на ценовната стабилност на среден рок преку водење соодветна монетарна политика, продолжување со реформите во управувањето со јавните финансии преку постепена фискална консолидација на среден рок, усвојување на новиот закон за буџет, спроведување на Даночната стратегија и дигитална трансформација на Управата за јавни приходи, донесување нов закон за јавно приватно партнерство, како и подобрување на деловното окружување преку продолжување со дигитализацијата на јавните услуги, рационализација на парафискалните давачки и усвојување нова стратегија за формализација на економијата, се само некои од препораките што произлегоа од Економско-финансискиот дијалог на земјава со ЕУ, што се одржа на 24 мај годинава во Брисел.

Како што соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, во дискусијата со Европската комисија, по доставување на Програмата на економски реформи 2022 – 2024, договорено е фокусот во наредниот период да биде насочен и кон усвојување на правната рамка за енергетска ефикасност и воспоставување фонд за енергетска ефикасност согласно Зелената агенда за Западен Балкан на ЕУ, како и кон продолжување со реформите во образованието, особено кон средното стручно образование.

Меѓу заедничките препораки е и зголемување на опфатот и пристапот на невработени ранливи категории со мерките од Оперативниот план за активни политики и мерки за вработување и преку зголемена соработка на центрите за вработување и социјалните центри.

-Целта на спроведувањето на овие заклучоци е да се зајакнат економскиот и социјалниот развој на земјата, како и да се приближиме кон постигнување на барањата од Копенхашките критериуми за пристап кон ЕУ, истакна Бесими.

Според него, со официјалното усвојување на заедничките заклучоци почнуваат подготовките за наредната Програма на економски реформи 2023-2025 година.

-Ова е време на големи економски предизвици, за што се бара внимателно креирање на фискалната политика, со мерки за поддршка на економијата и граѓаните, но и мерки за поттикнување на растот, подвлече министерот.

Бесими оцени дека воспоставената пракса на дијалог на високо ниво во изминатите две години помеѓу министрите и  директорите на директорати во Европската комисија за предизвиците со кои се соочува земјата  за постигнување одржлив економски раст, е силен сигнал до ЕК за нашата посветеност за процесот на преговори, каде што Програмата на економски реформи има клучна улога и претставува оперативна алатка за спроведување на структурните реформи кои се предуслов за користење на финансиските средства од Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан./МИА/

Next Post

Русија шири дезинформации за „вината“ на Украина за кризата со храна

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk