Министерот за надворешни работи Бујар Осамни денеска е во посета на Украина, каде што во Кијив ќе се сретне со министерот за надворешна работа на Украина, Дмитро Кулеба со кој ќе разговара за руската воена агресија и како Северна Македонија може да помогне, пренесува ЦивилМедиа.
ЦИВИЛ Медиа ексклузивно дозна дека во првиот дел од неговата посета Османи го посети Ирпин, каде, како и во Буча, беа извршени голем број воени злосторства од руската армија.
Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.
Претходно Укриана ја посети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а со Дмитро Кулеба, во Давос, средба оствари и претседателот на државата Стево Пендаровски.