ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено Басо, на 31 мај во Северна Македонија

Таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР Програма наречена ,,Одржливо поттикнување на МСП” во износ од 4 милиони евра, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).

May 27, 2022 14:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено Басо, ќе дојде во посета на Северна Македонија на 31 мај 2022 година. Таа ќе оствари средби со Премиерот, Министерот за финансии, банки од приватниот сектор и инвеститори.

Претседателката Рено-Басо ќе учествува на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.

Таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР Програма наречена ,,Одржливо поттикнување на МСП” во износ од ЕУР4  милиони, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).

,,ЕБОР е главниот инвеститор во Северна Македонија, која е важна дестинација за инвеститорите, за нас, но и за целиот регион на Западен Балкан”, објаснува Одил Рено-Басо. ,,Со нетрпение ги очекувам дискусиите за нашите следни проекти со властите, вклучувајќи го и натамошно подобрување на транспортот и развој на приватниот сектор. ЕБОР стои до Северна Македонија во напорите на земјата да ја подобри енергетската безбедност и да направи декарбонизација на економијата, два предизвика кои се мошне важни во моменталниот геополитички и економски контекст.”

Претседателката на ЕБОР доаѓа во посета на земјата , еден месец после посетата на Потпретседателот за политика и партнерство на ЕБОР Марк Боуман, кој исто така беше во Скопје.

Дел од инвестициските проекти во земјата, кои се разгледуваат за поддршка, се изградбата на делот на интерконекцијата на гас помеѓу Северна Македонија и Грција, делот од автопатот помеѓу Скопје и Косовската граница, подобрување на менаџментот со цврст отпад во земјата, како и поголем број на кредитни линии за локалните банки за подобрување на енергетската ефикасност, кои ќе бидат понатаму пласирани на МСП. Кредитите на ЕБОР ќе имаат и грант компонента обезбедена од донаторите од ЕУ, Обединетите Нации, Швајцарија, Шведска, САД, Норвешка, Луксембург и други донатори.

Енергетската ефикасност е област каде ЕБОР и донаторите работат да и помогнат на Северна Македонија во транзицијата на земјата кон ниски вредности на јаглероден диоксид. Банката веќе има направено поголем број инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски извори, правејќи ја земјата енергетски побезбедна и помалку зависна од увоз на гориво.

Најновиот проект кој е поддржан од Банката е 10 MW соларна фото-волтаична централа изградена на местото на стар рудник со јаглен во Осломеј. Со финансиска поддршка од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, ќе следува изградба на други соларни фотоволтаични централи во околината и  30 MW соларна фото-волтаична централа во Битола.

Инвестициските проекти  кои се планирани во Северна Македонија може да ги пронајдете тука.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди, во 161 проект во земјата.

Next Post

МЗШВ: До 30 јуни ќе се продолжи рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk