ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: Младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех

May 27, 2022 17:27
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со организирање на отворени денови на средните стручни училишта во Охрид, Струга и Кичево денеска продолжи реализацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а чија цел е унапредување на квалитетот на средното стручно образование преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители и промоција на придобивките од овој тип на образование пред идните средношколци.

„Денеска ги презентираме предностите и придобивките од средното стручно образование пред младите од Охрид, Струга и Кичево. Полуматурантите ги информираме за сите новини кои од учебната 2022-2023 година ќе ги понудат средните стручни училишта, а кои се резултат на дијалогот што МОН го спроведува со општините, училиштата и бизнис заедницата. Ги информираме каде има нови наставни програми, нови дуални паралелки, кои компании се вклучуваат во практичната подготовка на учениците, но и ја подигнуваме свеста дека овој тип на образование нуди поголеми можности за нивен личен успех“, рече Шаќири.

Потсети дека до крајот на овој месец ќе се заокружи планот за реализација на 16 промотивни настани и секаде, како што рече, во секој град ќе ја испратиме истата порака – младите да се фокусираат на средно стручно образование, затоа што токму во таа област е иднината.

„Општеството се соочува со дефицит на стручен кадар, има многу слободни места за кои се бараат стручни квалификации.  Така што, стручното образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, за побрзо финансиско осамостојување на младите и економска стабилност. Воедно, обезбедува и добра основа за секој кој сака академски да се надградува“, потенцираше Шаќири.

Министерот упати благодарност до сите учесници во кампањата „Учи паметно, работи стручно“, нагласувајќи дека преку инклузивен пристап се остварени одлични резултати.

„За само година и половина од 11 дуални паралелки, стигнавме до 97 дуални паралелки во соработка со 200 компании во моментов, а од идната учебна 2022/2023 година отвораме 223 дуални паралелки во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Така што, се надевам дека оваа кампања ќе продолжи и во следните години, сé додека дава придонес кон усогласувањето на образовните политики со политиките за вработување и за пополнување на слободните места на пазарот на трудот“, нагласи Шаќири.

Заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков министерот Шаќири ги посети средните училишта „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Питошевски“, додека со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го посетија средното стручно училиште „Нико Нестор“.

Заменик министерот Алиу пак, заедно со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари ги посетија средните стручни училишта „Мирко Милевски“ и „Дрита“, каде рече дека МОН ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка во форма на стипендии за учениците кои одбираат да се запишат во дуални паралелки, посочувајќи дека тоа е одлична стимулација и можност за стекнување лични приходи за време на школувањето на младите.

Next Post

Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk