Сè почесто, во руските дебатни емисии се споменува евентуален глобален глад. Но се почесто се слушаат и изјави дека „оние коишто ќе бидат добри со Русија, нема да останат гладни“. Конретно, политичкиот аналитичар Дмитриј Егорченков во емисијата „Спецоперација“ на руската национална телевизија вели дека Русија сама се снабдува со храна и дека ако државите се добри со Русија, нема да гладуваат. Видео снимката е објавена на Твитер налогот на Џулија Дејвис, колумнистка и креаторка на Russian Media Monitor.
I’m hearing this message on multiple programs broadcast by Russian state TV, it must be one of their mandatory assignments. The gist of it: yes, there will be global hunger, but those who have good relations with Russia won’t starve. Primitive, cruel and callous Russian agitprop. pic.twitter.com/SH2uWpJzKs
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 24, 2022
„Зад сево ова има многу сериозен натпревар на пазарите… Во меѓувреме, Русија сама се снабдува со храна и активно го равива земјоделскиот пазар, паралелно со Западните приказни дека ќе има глобален глад. Тие што ќе имаат нормални односи со Русија, не мора да се пријателски, само нормални, нема да гладуваат“, вели гордо и со насмевка на лицето, политичкиот аналитичар Егорченков.
Секретарот за транспорт на Обединетото Кралство, Грант Шапс, предупреди дека расте недостигот на жито и храна, поради тоа што руските трупи ги блокираат главните пристаништа на Украина и го спречуваат извозот на милиони тони жито, а тоа според него, може да предизвика и повеќе смртни случаи отколку самата војна.
Во меѓувреме, украинските власти, повикувајќи се на извештаи од Министерството за одбрана и други официјални извори, соопштија дека руските сили краделе жито и храна од привремено окупираните територии во Украина, го транспортираат во Русија или пак го продаваат на трети земји од регионот. Од магацините на привремено окупираниот Бердианск, Русите со автомобили однеле жито во Крим, а потоа во Русија, брифираат украинските власти.
„Конвој камиони со жито украден од компанијата „Аскет Шипинг“ е забележан на автопатот Мелитопол. Претходно „Аскет Шипинг“ одбиле да соработува со окупаторите и ги преселиле своите капацитети во западна Украина. Повеќе од 30 камиони со приколки полни со жито биле забележани во близина на фабриката Азовкабел“, јавуваат украинските власти.
Руските сили, како што се наведува во извештајот, се обидуваат да го транспотрираат украденото жито преку железнички сообраќај од пристаништето Мариупол. За таа цел, итно почнале поправки на железничката пруга во Мариупол и станицата Сартана.
И. Т. З.