ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Македонскиот јазик е заштитен, професорката Јачева-Улчар одредени провокации се обидува да ги претстави како правило

May 30, 2022 10:23
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Елка Јачева Улчар. Фото: скриншот

Елка Јачева Улчар. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Според членот 1. (3) од Преспанскиот договор, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота за дообјаснување.

Професорката Елка Јачева-Улчар во емисија во Алфа ТВ изјави:

„Иако на народот му се ветуваше дека ќе биде сменето само името, преспанскиот засегна многу нешта, како и македонскиот јазик. Без да бидеме свесни, се смени јазикот во северно-македонски.
Од Стокхолм за време на престојот на нашта делегација таму, цело време ни се обраќале со северно-македонци. Така налагаат јазичните правила и изразување.“, вели Јачева Улчар.

Зошто професорката Јачева-Улчар со изјавата се обидува одредени провокации и преседани да ги претстави како правило каде вели – ни се обраќаат со северно-македонци и се смени јазикот во северно-македонски, навистина останува нејасно.

Плакат од Урбана инсталација против лажните вести

Низ улиците низ Скопје, пред скоро време беше поставена Урбана инсталација која претставува акција против дезинформациите: Внимание, се појавија лажговците со кратки нозе – не наседнувајте! Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје.

Урбана инсталација против лажните вести

Прeтходно анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија. На една од нив беше испишана токму лажната вест: Со договорот од Преспа станавме Севрномакедонци.

Макета од мобилен телефон на чии екрани е претставена најчесто употребувана дезинформација

Покрај секоја од лажните вести напишана беше по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.

Ј. Ѓ.

Next Post

(ВО ЖИВО) Македонскиот Црвен крст испраќа хуманитарна помош во Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk