ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Хрватаската заедница го реафирмира барањето да биде дел од преамбулата на Уставот на Северна Македонија

На Регионалната конференција „Претставеност на помалкубројните заедници на државно и локално ниво”, како што објави модераторот Џелал Хоџиќ, беше поздравен напредокот на правата на помалкубројните заедници што од 2017 год. континуирано се одвива

June 2, 2022 15:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржана е Регионалната конференција „Претставеност на помалкубројните заедници на државно и локално ниво”, како дел од проектот „Зачувување на културата на Хрватската заедница и останатите помалкубројни заедници во РСМ”, поддржан од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, а во организација на ЗХРСМ, објави Џелал Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА, кој воедно беше и модератор на Конференцијата.

Поздравни обраќања имаа Роберет Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и едно општество, Н.Е. Нивес Тигањ – Амбасадор на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Еран Куртиш – Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Невенка Костовска- Претседател на Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија.

Во работниот дел на конференцијата свое излагање имаа: Џабир Доко – заменик министер во Министерството за политички систем односи помеѓу заедниците , Дуда Баље – Пратеник во Парламентот на Р.Косово, Алмир Велији – замник министер за Регионален развој на Р.Косово, Мирза Хајдиновиќ – секретар на Бошњачкиот национален совет во Р.Србија, Санела Шкријељ – Пратеник во македонското Собрание, Иван Брадиќ – претставник на Хрватскиот светски конгрес од Германија и Жарко Камчев – претставник на Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија.

На конференцијата, како што објави Хоџиќ, беше поздравен напредокот на правата на помалкубројните заедници што од 2017 год. континуирано се одвива.

„Беше нотирано дека треба да се реализираат уставните и законските права во сите области важни за помалкубројните заедници. Поздравена е стратегијата „Едно општество за сите“ и развивањето на Република Северна Македонија како граѓанска држава. Се поздрави и дебатата во општеството за подобрување на изборниот законик со цел подобра преставеност на помалкубројните заедници. Нотирано е дека од суштинско значење е функционирањето на правната држава, почитувањето на Уставот и законите како и функционалноста на институциите, а дополнително се поздравуваат демократските процеси и евроатланските интеграции на сите држави од Западен Балкан. Различноста е повеќе димензионална, па се зборуваше и за правата на жените, младите и лицата со попреченост.“, извести Хоџиќ.

Тој нагласува дека хрватаската заедница го реафирмираше барањето да биде дел од преамбулата на Уставот на Р.Северна Македонија како и застапена на раководните места на државно и локално ниво.

J. Ѓ.

 

Next Post

Османи во Вашингтон го потпиша Договорот од Отава еден од фундаментите на членството на земјата во Алијансата

Shortcut

Најново

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk