ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Свечено е отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

June 4, 2022 08:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен на Tурскиот театар и на драмскиот писател Русомир Богдановски и со првата претстава во конкуренција „Народен непријател“ на МНТ, синоќа во Прилеп свечено беше отворен  56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

При свеченото отворање Катарина Коцевска Хаџивасилева, директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од сцената во Центарот за културата „Марко Цепенков“ порача дека ништо не може да го замени чудото на уметноста во живо, особено пред полна сала публика.

– Посебна е радоста да се види полна сала публика. Ланскиот фестивал беше во вонреден термин, ама мораша со 30 насто гости поради ковид-протоколите. Тоа беше тажно и за нас, актерите. Театарот дише со публиката, ја чувствува таа силна размена на енергија и тоа на актерите им дава радост, мотив за играта. Ништо не може да го замени чудото на уметност во живо. Овој Фестивал е најголемиот театарски фестивал кај нас, опстои 56 години токму поради вас, публиката. Еден светски автор вели: Морате да верувате дека вашата работа некого ќе го израдува, и дека тој, некој, кога ќе излегува од театарот ќе биде поубав од пред да влезе да ја гледа вашата претстава. И ако помисли дека многу беше добро, вие сте направиле чудо. Сте создале нов човек кој за миг доживеал малку среќа во свет на сопствена и планетарна депресија, нагласи Коцевска Хаџивасилева.

На актерката Бедија Беговска и драмскиот писател Русомир Богдановски им беа врачени наградите за животно дело. И двајцата се среќни за големото признание, посебно благодарни на публиката.

– Многу сум среќна и задоволна што ја добив наградата. Јас велам, уметниците не стареат, но само да се здрави. Со многуте улоги во театарот добив многу. А најмногу од публиката. И благодарам на фестивалската публика, рече Беговска.

Драмскиот писател Русомир Богдановски по добивањето на наградата рече дека е многу среќен што ја добива наградата за животно дело.

– Велев ќе пишувам за вас, актерите, а ништо не е потешко од тоа, но пишувам и за публиката зашто таа е смислата на театарот. Затоа и оваа награда ја чувствувам како признание, рече Богдановски.

Во конкуренцијата за награди се осум претстави на македонските театри.  На вториот фестивалски ден, на програмата се две претстави. Од 19 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде одиграна претставата „My name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Бранислав Миќуновиќ, а во продукција на Драмски театар од Скопје. Од 22 часот, на матичната сцена, прилепскиот театар ќе ја одигра претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Next Post

Во Софија изведена претставата „Драма изгубена во времето“ на македонскиот драматург Сашко Насев

Shortcut

Најново

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk