Полицијата во регионот Харкив регистрираше смрт на уште 28 убиени цивили во областа Изиум, од страна на руските трупи, објави на Фејсбук началникот на Одделот за криминалистички истраги на главниот оддел на националната полиција на Украина во регионот Харкив, Серхи Болвинов, пренесува Укринформ.
„Списокот на мртви е ажуриран. Новите информации за 28 убиени лица се добиени од окупираните територии на округот Изум“, напиша Болвинов.
На 4 јуни 2022 година беа пријавени вкупно 33 убиени лица, меѓу кои и едно дете.
До 4 јуни 2022 година, во регионот Харкив се убиени вкупно 791 цивил, меѓу кои 39 деца.
Руските трупи интензивно го гранатираат и бомбардираат градот Изиум од 6 март 2022 година, уништувајќи ја инфраструктурата и станбените блокови.
Ј. Ѓ.