Патријархот Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му предаде Томос со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, известуваат српските медиуми.
Пред предавањето на томосот, во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија, која ја служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски Стефан.
J. Ѓ.