Поради реализација на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид од вчера до утре на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки, информира Секторот за внатрешни работи Охрид, информира МИА.
-Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти, соопшти МВР.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, се вели во соопштението, интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.
Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.
-Секторот за внатрешни работи апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, велат од МВР.
Апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат за време на самитот „Отворен Балкан“, а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаи или да користат алтернативни превозни средства.




