ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Петровска и Купер за Гласот на Америка: Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот

June 8, 2022 07:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер во интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на САД, говореа за потребата од брз и неодложен старт на пристапни преговори, за континуираната американска поддршка на овој процес, како и за заедничките напори за развој на одбраната и на отпорноста против хибридните закани. Токму договорениот американски грант од 40 милиони долари при оваа посета, е наменет покрај за модернизација на Армијата и за справувањето со хибридните закани.

„Предолгото тактизирање или одлагање на почетокот на преговорите заради ветото кое го имаме од нашиот сосед може да предизвика сериозен безбедносен проблем на Балканот, заради тоа што веќе се чувствува на некој начин фрустрацијата од предолгото чекање во овој процес и тоа е нешто што дополнително ја обесхрабрува и администрацијата и општеството во целина. Тоа тактизирање, особено во условите кои ги имаме сега на европското тло, а тоа е воената агресија врз Украина, остава простор за влијанија на трети држави кои, не секогаш, односно најчесто, не се добро наклонети кон состојбите. Поголема акција, поголема вклученост од сите страни ќе биде од бенефит за сите“, рече министерката Петровска и изрази благодарност за континуираната и недвосмислена американска поддршка.

Во контекст на хибридните закани, министерката Петровска порача дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина.

„Хибридните закани беа присутни во Северна Македонија и претходно, но, се разбира дека со започнувањето на руската инвазија врз Украина, и поради ставовите кои Владата на Северна Македонија ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, се засилија кон Северна Македонија, кон институциите и се разбира кон одредени министри, политичари, или пак јавни личности кои го изразуваат тој свој став“, рече Петровска.

Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, рече дека постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ – пренесе Гласот на Америка.

Министерката Петровска во Вашингтон минатата недела учествуваше на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји, а оствари и низа средби во Стејт Департментот, во Пентагон и во Пенсилванија.

Next Post

Облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk