ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

June 8, 2022 13:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Искрено се надевам дека ова е последниот самит на „Отворен Балкан“, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин, порача денеска Зоран Тегелтија, претседавач на Советот на министри на БиХ, која во Охрид на Самитот „Отворен Балкан“ учествува како земја набљудувач.

Тој истакна дека во БиХ нема консензус околу проектот „Отворен Балкан“ и за тоа нема сериозни, ниту негативни одговори, туку само молк, а причините за тоа ги гледа во предрасудите од минатото, во врска со тоа кој е предлагачот на оваа иницијатива, кој ќе профитира од неа и дали таа е замена за ЕУ, но и поради политичките влијанија на одделни групации кои сметаат дека е неуспех доколку оваа иницијатива би се прифатила.

Тегелтија потенцира дека е присутен на Самитот, бидејќи бизнис заедницата и граѓаните на земјата ја поддржуваат иницијативата.

– Јас сум овде затоа што знам дека целата бизнис заедница ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“, а бизнис заедницата е основен услов за развојот на нашето општество и затоа што најголем број граѓани го поддржуваат овој проект… Овде сум и поради фактот што претставниците на БиХ  учествуваат на сите нивоа на политичките договори и преговори кои се водат во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ и подготвени сме да ги потпишеме сите во оној момент кога ќе се донесе политичка одлука, рече Тегелтија

Тој порача дека во оној момент кога ќе  биде донесена политичка одлука, Босна и Херцеговина ќе се придружи на иницијативата.

– Сигурен сум дека „Отворен Балкан“ може да го покрене целиот вкупен економски потенцијал на овој регион и дека БиХ порано или подоцна ќе стане дел од „Отворен Балкан“, нагласи Тегелтија и додаде дека очекува тоа да се случи по изборите во земјата во октомври, особено имајќи ја предвид поддршката на САД за оваа иницијатива.

Тој меѓу другото ја поздрави иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за формирање работна група за заедничко справување на регионот со предизвиците од енергетската криза и недостигот на храна.

Next Post

Бектеши: Ќе преземеме конкретни мерки да се намали чекањето на граѓаните и туристите на граничните премини

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk