Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Конфискувана е Штабквартирата на вмро-дпмне.
Судот ја конфискува.
Оваа вест и одлука на судот сосема сигурно ќе ги пробијат вообичаените правни значења.
Пресудата има историска димензија.
Освен што е убиствена, би рекол, за партијата на која се однесува, пресудата и целиот процес се силни пораки за рехабилитација на правната држава и за влегување на овој клучен сектор во водите на нормалноста и правноста.
Зградурината на грозомората бесправно се издигна во центарот на Скопје откако едно шатковидно човече го стави цревото на историјата во својот шупак и се обиде да се напумпа на компресорот на македонските национални фрустрации и инфантилизми.
Човечето, како што е познато, пукна, но неговото дело остана во страшните последици на лудоста врз државата, нацијата и општеството и во фантастичната диспропорција меѓу реалните просторни потреби на една партија и големината на самопроекцијата темелена на неограничената моќ, во која партијата, лидерот и историјата требаше да се изедначат во грандиозноста.
Симбол на лудоста.
Фарма за вморони на 10.000 или не знам колку метри квадратни.
Како свињарска фарма за десет свињи на три хектари.
Со таписерии и теписи.
Слики.
И смрдежи.
Не би сакал да форсирам, но очигледно дека се движиме во вистинската насока, а тоа е скоро затворање на злото, односно елиминација на вмро-дпмне од правниот и политички систем на Северна Македонија.