ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Попис 2021: Околу 80 проценти од невработените во земјава се со основно или средно образование

June 11, 2022 08:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

Над половина од невработените со основно се постари од 40 години

Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади.

Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години.

Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион.

По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово.

Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион.

По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3 744 или седум проценти.

Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар.

Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години

Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25).

Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години.

Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје.

Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје

Од вкупно 109 249 невработени во земјава 1 541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје.

Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп.

По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга.

Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години.

Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години./MИА/.

Next Post

По предавањето на Актот за канонско единство, утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископт Стефан

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk