Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владината делегација присуствуваат на патријаршиската и синодлна света литиргија во соборниот храм „Свети Георги Победоносец“ во Фанар (Истанбул) на која заеднички сослужуваат вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски Стефан, со владици од двете цркви.
Прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан се одржува во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.