На социјалната мрежа Твитер се појави видео од култната серија Симпсонови, а во епизодата од 1998 година наводно се зборува за мајмунските сипаници кои се актуелни денес, пишува Nova.rs.
Иако Симпсонови досега „предвидоа“ многу работи, како доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, појавувањето на Лејди Гага на Суперболот, но и коронавирусот и војната во Украина, се покажа дека фотографиите и видеото се лажни, односно две различни епизоди монтирани во една.
Во дваесет и првата епизода од деветтата сезона на серијата, која се емитуваше во 1998 година, Хомер зема мајмун кој станува негов миленик и главен помошник во домашните работи. Веднаш до фотографијата од таа епизода, има уште една слика од седумнаесеттата сезона на серијата, емитувана во 2005 година, на која Хомер има сипаници.
Сликите немаат врска една со друга, односно мајмунот нема никаква врска со сипаниците.
Picture 1: S9E21 (1998) Lazy Homer getting helper monkey named Mojo to do his chores
Picture 2: S17E3 (2005) Homer caught chickenpox because of no childhood immunity (by drinking Maggie’s milk)
— Mirko Marinković (@Myrko1987) May 25, 2022
Симпсонови во минатото имаа епизоди во кои се случи да има измислени моменти кои подоцна се покажаа како вистинити.
подготви: M. M.