ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Веќе не е во прашање само Северна Македонија, туку дали Софија ќе ја закочи европерспективата на целиот регион

June 15, 2022 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување сме да видиме како ќе ги продолжиме разговорите со Бугарија. Времето е кратко, очите на 18 милиони луѓе од Западен Балкан се свртени кон Софија каква одлука ќе преземе. Ова не е веќе прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот хрватски колега Горан Грлиќ Радман одговарајќи на новинарско прашање што доколку не се подигне ветото поради политичката ситуација во Бугарија и на колкав рок може оваа ситуација да го одложи кревањето на ветото и за старт на преговорите со ЕУ.

Тој дводневните целодневни разговори со бугарската делегација предводена од министерката Теодора Генчовска минатиот викенд ги оцени како едни од подобрите и како охрабрување за продолжување на тие разговори, но, вели, се случи тоа што се случи со Владата во Софија и сега сме во очекување да видиме што понатаму, како ќе ги продолжиме тие разговори. Појасни дека неговата изјава за целоноќните разговори всушност се однесувала на неговите разговори помеѓу саботата и неделата со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски во коишто до утринските часови ги брифирал за разговорите во саботата и за тоа како да се продолжи понатаму во неделата.

– Се разбира времето е кратко. Во прашање се денови во рацете на Бугарија, земја којашто 2018 ја врати европската агенда на Западен Балкан преку Самитот во Софија, потоа ја запечати таа агенда Загреб во текот на нивното претседателство. Дали сега пак во Софија ќе се погребе, за жал, ќе користам таков збор, таа перспектива на Западен Балкан, очите на 18 милиони луѓе се свртени кон Софија каква одлука ќе преземе. Мислам дека граѓаните на Република Бугарија не сакаат да бидат кочничари на европската иднина на 18 милиони граѓани, бидејќи ова не е веќе прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива. Јас се надевам дека бугарските политичари ќе се издигнат на нивото на задачата којашто ја имаат и нема да дозволат во Софија да се изгради споменик на гробот на најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување. Уште сум оптимист дека во овие турбулентни времиња секој ќе ја разбере својата улога, ќе преземе стратешко лидерство и ќе испрати порака кон граѓаните на Западен Балкан дека тие се тука во срцето на Европа, и дека еден ден ќе бидат дел од ЕУ, нагласи Османи.

Запрашан за оптимизмот дека и во овие десетина дена може нешто да се направи, тој подвлече дека доколку се има политичка волја има доволно основа од досегашните разговори утре да се завршат тие разговори да се постигне договор.

–  Доколку се има политичка волја има доволно основа од досегашните разговори утре да се завршат тие разговори да се постигне договор, доколку се има политичка волја. Ние имаме политичка волја, спремни сме да продолжиме еве веднаш после оваа прес-конференција со разговорите. Чекаме друга страна да имаме за да продолжиме со тие разговори. Така што, ние не одбројуваме денови, ЕУ одбројува денови каква порака ќе прати на 18 милиони граѓани на Западен Балкан,бидејќи реков ова веќе не е прашање на Северна Македонија, ова е прашање на однос помеѓу ЕУ и Западен Балкан. Дали тие односи ќе бидат киднапирани, дали тие односи ќе бидат ревитализирани, тоа е одлука што треба да ја донесе ЕУ. Ние од нас не се очекува никој да донесе одлука како ЕУ ќе се однесува кон Западен Балкан, но сметам дека има доволно денови, има доволно основа доколку се има политичка волја, изјави министерот Бујар Османи./МИА/.

Next Post

Класичен спин на ВМРО-ДПМНЕ: Во анкетата од МЦМС воопшто не постои прашање „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk