РИБАРО
На протестот од ВМРО-ДПМНЕ, што е закажан в сабота во Скопје, главна ѕвезда ќе биде Слави Трифонов, шоуменот и лидер на бугарската партија „Има таков народ“, јавуваат изворите на АХА од белата палата на вмровците.
Како што напомнуваат, Трифонов со воодушевување ја прифатил поканата од Христијан Мицкоски да биде „MC“ (мастер на церемонијата) и воедно да ги споделат заедничките вредности за кои се залагаат ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Слави, во извонредниот успех што го постигнуваат во оддалечувањето на Македонија од Европската Унија.
ЕУ нема да им помине и овој пат, а Слави е тука тоа добро да го зачини, вели Мицкоски.
Слави е шоумен, наш брат, и доследен поддржувач на аспирациите Македонија никогаш да не ги достигне ЕУ и европските вредности. Тоа впрочем го докажува и деновиве, и затоа ама ич не ми беше тешко да го направам изборот за кој да биде ѕвезда на протестот во сабота, изјави Мицкоски на прашањето од АХА, од каде му дошла генијалната идеја за Слави.
Мора да се сложите и дека тајмингот за ваков протест не можев подобро да го одберам, ма во око го погодив, вели себезадоволно Мицкоски.
Има да се шлепам на светска економска криза до максимум. На вештачкото покачување на цени, на овие тешки моменти низ кои поминува народот и баш ме брига што актуелнава Влада крпи што се може. Ќе се ситам на маките. Ма нека патат сите, така прави вистински лидер што се грижи за народот и сака да биде премиер, заврши Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK