Пред бугарскиот парламент во Софија, мирен протест во знак на поддршка на денеска сменетиот спикер на парламентот Никола Минчев.
Како што известуваат за Цивил Медиа од Софија, протестот е спонтано организиран преку социјалните мрежи од проевропските граѓани на Бугарија.
Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“. Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан. Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.
Од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“, Никола Минчев беше избран за претседател на 47. Народно собрание на Бугарија на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков.