ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сесија “Европскиот мировен проект во Западен Балкан” во рамки на ПФД

June 16, 2022 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Преспа форумот за дијалог се одржа сесија насловена “Европскиот мировен проект во Западен Балкан”, чиј домаќин беше првиот заменик Претседател на владата и министер за политички систем и односи  меѓу заедниците, Артан Груби, информираат од МНР.

Во своето обраќање, Груби упати силна порака за посветеноста на Северна Македонија во надминување на спорот со Бугарија, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на сите земји од Западен Балкан, што е од интерес за целокупната регионална и европска безбедност.

“Го потпишавме Договорот од Преспа изменувајќи го Уставот и на светот му покажавме најдобар пример за миротворство, модел на решавање на сите спорови. Раката на помирување со пријателската земја Грција ни ги отвори вратите на НАТО и веќе на патот кон Европската Унија воспоставивме одржливи пријателства. Во спорот со соседна Бугарија правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство” – нагласи Груби.

На сесијата обраќање имаа и специјалните гости – Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Грција и Гордан Грлиќ – Радман, министер за надворешни работи на Хрватска. Беше уаптена јасна порака за потребата од што поскоро заокружување на европскиот пристапен процес, кој воедно е и мировен проект.

Дополнително, обраќања имаа и  Пасквал Наваро, државен секретар за ЕУ во шпанското министерство за надворешни работи, Корнелиус Корнелиу, постојан секретар во кипарското министерство за надворешни работи, Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, Алан ле Роа, поранешен француски амбасадор, Алберт Хани, генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка и Илхан Кјучук, европратеник и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент.

Покрај европските и евроатлантските перспективи на земјите од регионот, на сесијата беа разменети мислења за трансформацијата на регионот од историја на конфликти и спорови до функионални општества кои споделуваат демократски вредности. Во однос на Северна Македонија, фокусот беше поставен на трите договори – Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, кои воедно претставуваат и темелна идеја на ПФД и пример во регионот за надминување на спорови, изнаоѓање решенија и помирување.

 

Next Post

Бектеши на Преспа форум дијалог: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk