Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа направи големо изненадување на силниот турнир од W60 категорија во Чешка Липа. Жрепката сакаше во третото коло Ѓорческа да ја има за противничка најголемата фаворитка на турнирот, Унгарката Пена Удварду, којашто моментално е на 97-мото место на светската ранг листа. По лесно добиениот прв сет, следуваше вториот сет со многу пресврти во којшто Лина имаше повеќе нерви. Крајниот резултат во мечот беше победа во два сета (6-2 ; 7-5).
Претходно во првото коло Ѓорческа беше слободна, а во второто коло извојува лесна победа против чешката тенисерка Анета Лабуткова (6-2 ; 6-3).
Противник на нашата тенисерка во четврфиналето ќе ѝ биде домашната претставничка Џесика Малечкова. Евентуална победа на Ѓорческа би ѝ донела нови 14 поени за голем напредок на WTA листата.
Ацо Лукароски







