ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалициските партнери од власта в недела на средба, ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година

June 17, 2022 12:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

В недела ќе има средба на коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која меѓудругото ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

– Меѓу другото ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина, појасни Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања  при учеството на Преспа форумот за дијалог.

Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Северна Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

Според Ковачевски, тоа ќе биде позитивна средба на која, како што кажа, граѓаните ќе се уверат дека има владејачо мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, „таму единствено гледаме деструкција и блокирање“.

– И уште пострашно, во опозицијата има политички партии кои се отворено против нашето членство во ЕУ и НАТО и кои отворено одат по состаноци во Москва во време кога цела Европа заедно со САД се бори за зачувување на демократијата во сите држави кои се дел од ЕУ, кандидати за ЕУ и оние кои сакаат да станат членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Што се однесува на понатамошните разговори со Бугарија, вели Ковачевски, оваа коалиција е европска и во неа сите политички партии кои членуваат имаат јасна цел и визија за Република Северна Македонија која живее европски вредности, која е интегрирана во НАТО, која треба да се интегрира во ЕУ, која ги има решено сите внатрешни прашања, која ги има решено прашањата во однос на сите свои соседи. Во моментов, заклучи тој, имаме најдоби односи со сите соседи и едно отворено прашање со Бугарија.

Next Post

Радев: Владата на Кирил Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да отстапи од ветото за Северна Македонија

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk