ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти: Албанија и Косово имаат братски односи, не им треба посредник

June 20, 2022 16:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти, по денешната заедничка седница на неговата и Владата на Албанија, изјави дека „косовско-албанските односи се братски, поради што немаат потреба од посредништво“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Курти информира дека на денешната седница се потпишани 19 меѓудржавни договори, за кои рече дека се „многукратно повеќе одошто другите договори склучени во регионалните иницијативи“.

На новинарско прашање во врска со иницијативата Отворен Балкан, Курти рече дека денешната седница „не беше регионална, туку билатерална и братска“ и нагласи дека очекува многу наскоро да се продолжи со Берлинскиот процес.

– Многу сме заинтересирани да се обединиме од царински аспект. Несомнено во наредните месеци ќе се зголеми обемот на трговската размена и обостраните инвестирања. Овие 19 договори, меморандуми и протоколи се многукратно повеќе одошто другите договори склучени во регионалните иницијативи. Денеска вест е јакнењето и унапредувањето на нашето заедништво, а не разликите кои ги знаеме, рече Курти.

Тој се осврна и на информациите објавени во косовските медиуми дека наводно Рама на Преспанскиот форум во Охрид, во разговор со лидерот на Деморатската унија за интеграција, Али Ахмети и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, рекол дека „ќе го урива Курти“.

– Драчкото пристаниште, сувото пристаниште во Приштина, железницата помеѓу, тоа е најбитното прашање за Косово и Албанија, тоа е многу решавачко за еден голем економски замав на нашата нација на Балканот. Поради тоа, нечии коментари, нечии интриги се неспоредливи со тоа што го правиме на овие заеднички седници, изјави Курти.

Денешната седница во Приштина беше осма по ред заедничка седница на владите на Косово и Албанија. Првата се одржа во јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан. 

Next Post

Спасовски учествуваше на 6. Состанок на одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИСГ)

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk