ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Стандард“: Доколку Софија го прифати францускиот предлог, Советот за општи работи на ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка со Скопје

June 20, 2022 11:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

„Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Северна Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

– Промената на Уставот на Северна Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот.

Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

Вигенин синоќа гостувајќи во Нова ТВ изјави дека предлогот првпат ги содржи речиси сите прашања кои Бугарија ги смета за проблематични, а се однесуваат на говорот на омраза и правата на Бугарите во Северна Македонија.

– Има мониторинг механизам кој ќе ги следи овие прашања. Во однос на Бугарите таму, најдено е решение кое мислам дека е најдобро, изјави Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија.

Сепак, според него, одлуката околу повлекувањето на бугарското вето за земјава не треба да ја донесе само Парламентот, туку е потребна поширока дебата во јавноста. /MИА/.

Next Post

Баербок: Потребна е модернизација на железниците за извлекување на житото од Украина

Најново

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk