Вчера околу 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода В.С.(21) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 33 стебла канабис и една дигитална вага, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.