ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сегашната програма за поддршка на печатените медиуми ќе се преточи во системско законско решение

June 24, 2022 19:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ), денеска во  Владата на Република Северна Македонија, организираше јавна дискусија на тема „Утврдување модел на системско решение за поддршка на печатените медиуми”, информираат владините служби.

Воведни обраќања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски и претседателот на АЗНПМ, Лирим Дулови, по што следеше дискусија со присутните претставници на печатените медиуми.

Во оваа прилика министерот Алити истакна дека подемот на новите технологии ја смени и реалноста на медиумскиот простор, што се одрази врз квалитетот на информирање и особено врз финансиската одржливост на печатените медиуми. Токму поради ова, како што подвлече, Владата на Република Северна Македонија од 2018 година, преку годишни програми обезбедува финансиска поддршка за печатените медиуми, а веќе размислува и за модел за континуирана системска поддршка.

Генералниот секретар  на Владата, Методија Димовски оваа дебата ја оцени како чекор кон изнаоѓање квалитетно решение, укажувајќи на исклучително тешкиот период во време на КОВИД-19 пандемијата, кога дел од средствата за поддршка на печатените медиуми беа редуцирани. Димовски истакна дека од исклучително значење е сегашната програма за поддршка на печатените медиуми, да се преточи  во системско законско и инклузивно решение, со посебен осврт на регионалните медиуми и културната разнообразност на медиумскиот амбиент во државата.

Претставниците на АЗНПМ, ЗНМ и на печатените медиуми го потврдија значењето на владината помош за печатените медиуми во изминатите години, укажувајќи на зголемените трошоци за нивна продукција, како и за важноста од нивното опстојување како бастиони на професионализмот и хроничари на историјата на државата.

Тие укажаа на важноста од подобрување на социјалниот статус на професионалните новинари и амбиентот во кој тие работат, апелирајќи за зголемување на продукцијата, квалитетот на медиумските содржини и производи и бројот на новинари вработени во овие медиуми.

На крајот на дискусијата заеднички беше оценето дека оваа дискусија е само  еден сегмент во заедничките заложби за изнаоѓање модел за сочувување на печатените медиуми, преку предлог-законско решение за нивна поддршка, која ќе се разгледува низ инклузивна дебата во наредниот период.

Next Post

МВР: Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk