Да се научиме да живееме и да практикуваме толерантност, почитување и прифаќање на различностите. Едно општество за сите, напиша на Фејсбук министерката Тренчевска.
„Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ денеска во Скопје се оддржа Парадата на гордоста, настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.
Министерството за труд и социјална политика, го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација. Целта на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. За прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Правото на избор секој да го живее сопствениот живот со изборот што го направил е неприкосновено право. Да се научиме да живееме и да практикуваме толерантност, почитување и прифаќање на различностите. Едно општество за сите!“, пишува во објавата.







