ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања и да се ослабне позицијата на државата

June 26, 2022 15:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неговиот официјален Фејсбук профил реагираше на обвинувањата на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, со став дека „преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата“.

Според Османи, со ваквите изјави не само што се преминуваат црвените линии на пристојност, туку „без трунка одговорност, онака лежерно и волунатаристички, се напаѓа севкупната државна позиција и успехот на целиот политички спектар да се обедини околу стратешките прашања“.

– Буквално сите граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Власи или Бошњаци, буквално сите граѓани се обединети во одбрана и на државните интереси, и на националните интереси на нашите сограѓани Македонци. Еден од клучните темели на кои се потпира нашата цврстина и во преговорите со Бугарија, но и во претставувањето на нашите позиции во ЕУ и меѓу земјите – членки, е токму обединетоста на целиот политички, етнички, културен и општествен спектар во земјава. Јас сум свесен дека борбата за политички поени е цврста и непријатна, ние сме сите политичари и се бориме да ги освоиме симпатиите на своите гласачи, но да си дозволиш да го нападнеш и да се обидеш да го загрозиш клучниот државен столб на кој се потпира цврстината на нашите позиции, тоа не говори само за неодговорност, туку за еден вид патологија во чија суштина лежи длабоко вкоренета албанофобија, нагласува Османи во објавата.

Османи прашува, колку ли само треба да си алчен, и да не си ја ниту почитуваш ниту сакаш државата, за да ја нападнеш нејзината суштинска придобивка – успешната мултиетничка обединетост по стратешките интереси.

-Јасна е намерата на овие тези кои, се надевам не се позиции на ВМРО-ДПМНЕ. Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата. Наша задача е тоа да го покажеме, јасно и гласно да го посочиме, и со тоа да ги осуетиме. Да ве уверам дека нема да успеат: ќе ги зачуваме националните интереси на нашите сограѓани Македонци, ќе ги зачуваме и македонскиот јазик и посебноста на македонската култура и пристојноста, а воедно и ќе ѝ обезбедиме европска иднина на земјава и на сите нејзини граѓани, порачува Османи.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски вчера во гостувањето во централниот дневник на Сител изјави дека политиката која ја води Османи во однос на разговорите со Бугарија за повлекување на ветото и деблокада на евроинтеграциите се повеќе му изгледа дека повеќе е во интерес на Албанија, отколку на Северна Македонија./МИА/

Next Post

Петков: Јас ќе бидам кандидат за премиер, со истите министри влегуваме во преговори за нова влада

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk