ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ и американскиот амбасадор Хил за Отворен Балкан и осудата на руската агресија врз Украина

June 28, 2022 16:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прими амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, со кого разговараше за билатералните односи, евроинтеграциите на Србија, дијалогот на Белград и Приштина, Отворен Балкан и осудата на руската агресија на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштенеито од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ „повторил дека иницијативата Отврен Балкан преставува една од исклучителните примери на соработка, што го зајакнала партнерството на Србија, Албанија и Северна Македонија“.

На средбата Вучиќ и Хил размениле мислења за дијалогот на Белград и Приштина и се согласиле да отворените теми во дијалогот можат да бидат решени под покровителство на ЕУ, за да се дојде до компромисни решенија.

Амбасадорот Хил, според соопштението, ја поздравил иницијативата Отворен Балкан и „напорите на Србија да ја стави економската соработка во фокусот на регионалното поврзување и истакна дека оваа форма на заедничка работа е шанса за уште посилно и видливо промовирање на инвестициските потенцијали на регионот“.

Хил ја повторил поддршката на евроинтеграциите на целиот регион на Западен Балкански, посочувајќи дека тоа е еден од приоритетите на надворешната политика на САД и посочил што се очекува од Србија за да напредува во европскиот пат.

-Од Србија очекуваме јасен став за почитувањето на меѓународното право и осуда на руската агресија врз Украина, како и целосна посветеност на реформите во областа на владеењето на правото и другите области, неопходни за напредок на европски пат, рече амбасадорот Хил.

Претседателот Вучиќ му се заблагодари на амбасадорот Хил за поддршката што Америка ја пружа на напорите на Србија да ги диверзифицира изворите на енергија, а соговорниците се согласија да уште посилно треба да се работи, Србија да добие пристап до енергетски проекти на кои веќе наголемо се работи, се наведува во соопштенеито на кабинетот на српскиот претседател./МИА/.

Next Post

Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk