ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекината собраниската седница за продолжување на работниот ангажман на судии и обвинители

June 29, 2022 21:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По доцнење од околу половина час, вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, двата по скратена постапка, јавува МИА.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека нема услови за разгледување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година зошто се уште не поминат на соодветната комисија.

Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи се однесува во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години се со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства.

Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон. Според него, се работи за контроверзен закон кој се обидува да се донесе, како што рече, на шверцерски и на силеџиски начин. Посочи дека за тоа предупредил пред неколку дена и потоа следеле немилите сцени. Апасиев рече дека е фалсификувана коресподентната табела која им е приложена на пратениците и најави дека за тоа ќе поднесат кривична пријава. Тој соопшти дека се оди кон тоа да се избегне двотретинското мнозинство и да се прошверцува овој закон, а фалсификувани се и извештаите потпишани од Комисијата за европски прашања, каде, како што рече, настанаа тепачките.

-Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме, образложи Апасиев. Додаде дека откако ќе се изгласа овој закон дека ќе може да го оспорат на Уставен суд. Сите овие преседани, како што рече, еден ден ќе ви се удрат од глава.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална забелешка обвини, за како што рече, нов преседан и скандал на власта бидејќи првпат во историјата на Парламентот се закажува седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања.

Тој укажа дека седницата доцнела повеќе од 30-тина минути. Според него, власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители.

Претседателот на Собранието Талат Џафери се повика на Деловникот на Собранието и на почитување на законите. Ја прекина оваа седница и рече дека за нејзиното продолжување пратениците ќе бидат дополнително информирани. 

Next Post

Украина: Најголема размена на воени заробеници од почетокот на руската инвазија

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk