Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција рече дека во координација со министерот за финансии, во наредниот период ќе поднесат предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица.
„Оваа измена е со цел од наредната година, односно од 1 јануари 2023, да се зголеми лимитот на повратот за ДДВ, со што граѓаните наместо 1800 денари за тромесечје, ќе можат да добијат максимален износ од 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата Мој ДДВ, изјави Лукаревска.