Во однос на мојот личен став, сметам дека преговарачката рамка, конечно, ги решава сите дилеми околу македонскиот јазик кој на овој начин станува и официјалне јазик во ЕУ и со тоа ги става во една пониижувачка позиција сите кои сметаат дека тој не постои. Што се однесува до Уставот и влезот на Бугарите во него. И тоа го сметам како добра основа затоа што: прво, затоа што ме радува мојата држава да е еднаква за сите кои и како да се чувствува, а второ затоа што за првпат ќе имаме јасно институционално разграничување меѓу двата идентитета – македонски и бугарски. Ми пречи условот за промена на Устав пред одржување на втората меѓувладина комисија за кој сум убеден дека е непринципиелен, пишува во својата колумна Борјан Јовановски за НОВА ТВ.
Останува да ме загрижува сериозно делот на преговорите за историјата поради што со нетрпение очекувам посериозни објаснувања дека нашите историчари, нема да мора да работат под диктат на политиката и политичката динамика на преговарачкиот процес. На оваа моја дилема сè уште не слушнав релевантен одговор, но верувам дека ќе стигне и дека ќе биде дебатиран онака како што доликува.
Исто така, ја разбирам вознемиреноста и лошото чувство што воопшто оваа тема на било кој начин се споменува во преговорите. За жал, самите ние во изминатите 30 години упорно го пикавме под тепих ова прашање, па сега ни излезе од таму како чудовиште. Но, тоа е сега, така за нас, а и за Србија на која Косово ѝ е посебно поглавје во преговарачката рамка. И Србите децении наназад се обидуваа да го решаваат овој проблем на еден аутистичен начин. Не верувам дека Србите биле или се среќни што Косово го имаат како поглавје во преговорите. Уште повеќе што истото им е услов да го признаат за еден ден да станат членка на ЕУ. Па, сепак, Србија не ги одби преговорите што не значи и дека се обврза на признавање на Косово. Србија влезе во процесот и се бори за својот интерес, впрочем затоа и процесот се нарекува преговарачки. Во даден момент, доколку Србија дојде до ситуација да мора да го признае Косово (читај дел од својата територија) како независна држава, а смета дека тоа е спротивно на националниот интерес, без пречка може да ги напушти преговорите и да се откаже од членство.
Целата колумна на НОВА ТВ.